Пиоли си заминува, Ибрахимовиќ веќе има фаворит за нов тренер на Милан

Милан имаше разочарувачка сезона која ја завршува без ниту една титула, што е знак дека нешто треба да се менува. Росонерите ја загубија трката за титулата во Серија А, испаднаа од Купот, го загубија Суперкупот, а беа елиминирани и во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Најавите се дека актуелниот тренер Стефано Пиоли ќе си замине на крајот од сезонава, а Златан Ибраихимовиќ кој доби една од раководните функции во клубот, веќе има свој фаворит за нов стратег.

Како што тврдат дел од италијанските медиуми, популарниот Ибра како тренер на Милан сака да го види некогашниот соиграч Марк ван Бомел. Докажан како фудбалер, Ван Бомел во 2018 година ја започна тренерската кариера во ПСВ Ајндховен, потоа беше во Волфсбург, а потоа и во Ројал Антверпен.

Сега Ван Бомел се најавува како наследник на Пиоли, но таа желба на Ибрахимовиќ треба да добие „зелено светло“ од управата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести