Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по разговорот со романскиот претседател Клаус Јоханис, ги повика земјите членки на алијансата да му ја дадат на Киев потребната муниција и системи за противвоздушна одбрана.

„Зборував со претседателот на Романија за нашата поддршка за Украина. Ги повикувам сите сојузници да копаат подлабоко за да обезбедат повеќе муниција и системи за противвоздушна одбрана“, напиша Столтенберг на платформата X.

Како што оцени тој, Романија е клучна за одбраната на источното крило на НАТО и е посветена на поддршката на Украина.

Би можело да ве интересира

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот

Столтенберг: Ракети на НАТО беа користени за напад на Црноморската флота

Столтенберг: Нема индикации дека Путин е подготвен за мир

(ВИДЕО) Столтенберг: Ситуацијата е крајно сериозна, но не смееме да губиме надеж