– Крајно време е се да се запре тонењето на сите принципи во Македонија. За нас принципите на кои е поставена Македонија се црвените линии, нешто за кое што нема разговори и преговори. Демократија, владеење на правото и почитувањето на основните права и слободи на секој поединец се принципите по кои се водиме за менување на црно-сивата слика во општеството, рече Димитриевски на конвенцијата на ЗНАМ на која беа промовирани носителите на листите за парламентарните избори.

Тој нагласи дека ќе биде претседател на Македонија кој суштински ќе постапува согласно Устав и ќе делува независност.

-Нема да потпишам закон или друг документ што ќе ѝ штети на државата и нашиот народ, нагласи кандидатот за претседател.

Интеграцијата во Европската Унија, кажа Димитриевски, е стратешка цел, но, прво треба да се сработи работата дома.