Најмалку 40 шефови на држави и влади во Минхен

Две седмици пред таканаречената глобална Конференција за безбедност во Минхен, околу 40 претседатели на држави и влади, 90 министри и неколку лидери на меѓународни организации веќе го потврдија своето учество.

Меѓу нив се францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопштија организаторите на конференцијата.

Сѐ уште не е познато дали, како и минатата година, ќе учествуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и американската потпретседателка Камала Харис.

Најважниот светски собир, како што е објевено, на експерти за безбедносна политика ќе се одржи од 17-ти до 19-ти февруари во хотелот „Bayerischer Hof“.

Тоа е прва безбедносна конференција од почетокот на уркаинската војна. Во Минхен се очекува да дојдат украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за одбрана Олексеј Резников. Руските претставници не беа поканети.

„Нема знаци за попуштање на руската влада. Би било срамно да им се понуди на тие воени злосторници во Кремљ сцена за нивната пропаганда на конференцијата за безбедност во Минхен“, изјави за DPA претседавачот на конференцијата Кристоф Хојсген.

Сепак, во Минхен се очекува да пристигнат истакнати руски опозициски политичари, меѓу кои и поранешниот олигарх Михаил Ходорковски осуден за финасиски малверзации во времето на претседатело Борис Елцин, поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, новинарот и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитри Муратов, како и Јулија Навална, сопругата на затворениот опозициски активист Алексеј Навални, осуден исто така за големи финансиски малверзации.

Годинава нема ниту официјални лица од иранска страна.

„Ние, исто така, не сакаме да му понудиме форум на режим кој толку суштински ги крши основните човекови права. Но, се разбира, сакаме да им дадеме простор и на членовите на иранската опозиција“, рече Хојсген.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.