Поврзете се со нас

Свет

Шортс со уште извонредно издание го предводеше Париз до нова победа во Франција

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroCup

Американскиот плејмејкер со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше уште едно топ издание за Париз во првата лига на Франција.

Клубот од престолнината многу потешко од очекувањата излезе на крај со Шоле, ривал кого успеа да го добие по продолжение со 92:90.

По израмнетото прво полувреме, видовме доминатна трета четвртина на гостите и четврта на домаќините што донесе резултат 83:83, па преку дополнителните минути Париз со 9-7 го забележа 23 триумф во сезоната.

Главниот збор го имаше Шортс со 25 поени, 3 скока и 6 асистенции, Ерера го следеше со 17 кошеви.

Во следното коло Ти-Џеј и компанија се домаќините на Бург, ривал со кого водат жестока битка за второто место, ривал кого пред некое време го совладаа во финалето на Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни