Црвена Звезда го реши Партизан и во Купот на Србија (ВИДЕО)

По победата во лигашкиот дел Црвена Звезда вечерва славеше над Партизан и во Националниот куп на Србија овојпат со 2-0 и со тоа се пласираше во финалето во најмасовното натпреварување кај нашиот северен сосед.

Херој на овој меч за „црвено-белите“ беше Олајинка кој со своите два гола во период од три минути од 27. до 29. донесе голема победа.

Во финалето Црвена звезда ќе игра против Војводина која денеска беше подобра ос минимални 0-1 против Раднички.

Се вчитува...