Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2024 година вкупниот промет изнесувал 633.634.563 денари и е намален за 26,00 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 461.953.235 денари и е намалено во однос на февруари за 34,05 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 418.350.723 денари и обврзници во вредност од 43.602.512 денари.
Блок трансакциите за март изнесувале 171.681.328 денари.
Бројот на трансакции во март изнесувал 1.464 и е намален за 37,19 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.331.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за март 2024 година можете да го погледнете тука.