„Што повторно ме снајде“ – новата монодрама-комедија на актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ вечерва во НОБ

Во Националната Опера и Балет, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете новата монодрама-комедија на актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ со наслов „Што повторно ме снајде“.

Улоги: Анѓелка Стевиќ Жугиќ
Текст: Небојша Ромчевиќ
Режија: Петар Јовановиќ


Преку ликот и судбината на главниот лик Јованка Јока Јаковљевиќ, Анѓелка на духовит, смешен и малку ироничен начин ни раскажува за секогаш актуелната тема РАЗВОД, за животот и предизвиците со кои се бори една жена во доцните 30-ти години по разводот. Што треба да прави разведената жена, како да го најде својот „нов живот“ и “ново јас”? Околината е сурова, конкуренцијата жестока, понудата ретка. Борбата уште повеќе ја отежнуваат најмилите и најблиските луѓе со нивниот куп непотребни и честопати контрадикторни совети. Полудената и разведена Јока и нејзината шаренолика поддршка во форма на стручни советници – од најдобрите пријателки Цица и Мица, преку баба и мајка, до психолог и астролог.

Сите ликови ги толкува Анѓелка, во нејзиниот фуриозен и веќе препознатлив стил на одлична комичарка.


Билетите можете да ги набавите онлајн на: https://www.karti.com.mk/shta-me-opet-snadze.nspx

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …