Англија
Ѕвезда на Вест Хем му возврати на Кин: Класичен „диносаурус менталитет“
Мајкл Антонио е еден од ретките фудбалери кои редовно учествуваат во подкаст паралелно со кариерата на професионален фудбалер, а во последната епизода, ѕвездата на Вест Хем го привлече вниманието со репликата на коментарот на легендарниот Рој Кин.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед во свое гостување во друг подкаст не го именувал Антонио, но потенцирал дека подкастот може да влијае негативно на фудбалерот, а посебно ако во него се смееш и забавуваш еден ден по пораз.
– Според мене, не треба да се смееш две-три недели откако ќе загубиш, – рекол секогаш бруталниот Кин.
Антонио се препознал во изјавата на Ирецот, па реши да одговори на провокацијата.
– Тоа е класичен диносаурус менталитет, затоа што кога тој играл, сите во клубот зборувале само за фудбал и фокусирање само на фудбалот. Јадеш, спиеш и мислиш само на фудбал, сопругата ќе се грижи за децата, ти не смееш ни со нив да играш фудбал.
– Така било кога играл тој, но за жал голем дел од тие фудбалери набргу банкротирале затоа што мислеле само на фудбал. Сега фудбалерите се фокусираат на фудбалот, но прават и други работи. Некој има бизнис, некој се занимава со мода, друг со музика, ако имам време зошто да не го правам тоа.
– Не можам да бидам тажен неколку недели, затоа што следниот натпревар е за неколку дена. Јас по поразот возев до дома без музика и бев засрамен, но секогаш се обидуваш да одиграш подобро и да ги исправиш грешките на следниот натпревар, – рекол Антонио.
-
Шпанијапред 18 часа
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Шпанијапред 15 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Балканпред 17 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
Светпред 15 часа
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Светпред 16 часа
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)
-
АТПпред 4 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 16 часа
Агентот на Роке ја запали каталонската јавност: Или ќе добие шанса од Чави, или……