Започнува последната битка за Македонија, во 20 часот пред Влада

Започнува последната битка за Македонија, во 20 часот пред Влада

„За промените кои се во твои раце“. „Започнува псоледната битка за Македонија“. Под ова мото ВМРО-ДПМНЕ вечерва од пред Владата во Скопје го започнува патот кон промените во Македонија која велат во изминатите 6 и пол години е понижувана, угнетувана, ограбувана.

„СДС уништи се, и ја уназади Македонија. За 6 и пол години колку што е СДС на власт растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека 6 и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе. 6 и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенции доцнат. Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија ги повикуваат сите граѓани во 20 часот на платото пред влада на голем сенароден митинг да испратат порака дека времето на власта заврши.

„ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста