Промовирани 12 доктори на науки ан УГД Штип, во склоп на одбележување 17 години од постоењето на универзитетот

12 доктори на науки денеска промовираше штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во склоп на одбележувањето на 17 години постоење. Најголем дел од докторите на науки се од обласата на медицина и уште четири има од останатите факултети.

„Имаме вкупно осум од Факултетот за медицински науки, тоа се од различни подрачја и имаме уште пет доктори на науки од повеќе факултети по еден“ – вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

„Мојата теза беше воведување методологија за развој на нов радиофармацевт кој се користи за тумори. Радиофармацијата во Македонија се уште е неразвиена и е многу потреба да се направи таков чектор каде ќе се воведат нови и развојни методи за синтеза и производство на лекови, на фармацевтски дозирани форми и навистина ќе придонесе особено во клиничката фаза“ – вели Чочевска.

Теодора Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава по погон за производство за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

„Темата беше анализа на нивоата на персонална изложеност на бучава во погон за производство во автомобилска индустрија и влијанијата врз перформансите на вработените. Влијанијата ги утврдивме токму со оргиналниот труд кој го изработивме заедно со лабороторијата за животна и работна средина, и утврдивме дека влијанијата се значајни и треба компаниите да водат сметка“ – вели Топчева.

Оваа пракса се спорведува секоја година традиционално по повод одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“. Ректорот Мираковски посочи дека тенденција е секоја година да има се повеќе доктори на науки кои своето образование го завршуваат токму на штипскиот универзитет.

Лаура Стојанова М-Нет