Анчелоти: Арда Ѓулер останува во Реал, па тој има повеќе голови од одиграни минути за клубот!

Реал Мадрид триумфираше на гостувањето во Сан Себастијан благодарение на голот на младиот Арда Ѓулер, и направи чекор плус кон титулата во Ла Лига.

Досега често се зборуваше за минутажата која Ѓулер ја нема во клубот, без доволно доверба од Карло Анчелот, но сега стратегот на „кралевите“ јасно потврди дека младиот фудбалер и тоа како значаен за тимот.

„Арда Ѓулер останува во Реал и следната сезона. Тој е многу важен за иднината на нашиот тим“ – рече по синоќешниот меч Анчелоти и дополни со шега на крајот:

„Нема никакви дилеми дека останува, ќе биде значаен дел од тимот во иднина. Дечкото има врвни квалитети, има талент, работи многу добро, млад е и малку по малку ќе ја презема лидерската улога во клубот. Има постигнато повеќе голови отколку што има минути во Реал“.

Се вчитува...