Почнува фестивалот „Богородичен Покров“

0
86

Онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови ќе понуди осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ што ќе се одржува онлјан од денеска до 1 декември.

Програмата стартува со интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава, што досега не е објавено, а е посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. Ќе се емитува вечерва во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY .

За свеченото отворање на фестивалот во 21:30 часот е предвиден документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија, ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац.

На вториот ден од фестивалот утревечер ќе бидат прикажани портрет на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим.

Дел од програмата се и документарните филмови „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, „Манастир Сурпателе“, на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“ на Лавиринт, Македонија, „Свети Јован Шангајски“ на Неофит продукција, Русија, „Мајка Храброст – Живот за Никола“ на РТС, „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас и рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот.

 

makpress.mk