1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнстаграм започнува борба против голотијата во пораките

Инстаграм започнува борба против голотијата во пораките

Инстаграм најави нова алатка која е наменета за малолетните корисници, а има за цел да ги заштити од т.н сексторција. Станува збор за уценување фотографии со експлицитна, или најчесто голотија, содржина, чиј број во последните години се зголемува. Ваквите уцени најчесто се случуваат откако малолетниците добиваат голи фотографии од луѓе со кои разговараат на интернет и разни апликации и од нив се бара да испратат исти такви фотографии.

Но, со испраќање на вакви фотографии, најчесто на луѓе кои лажно се претставуваат (иако понекогаш може да се работи за познаници), често започнува вистински пекол. Имено, тогаш почнуваат да ги уценуваат дека овие фотографии ќе им ги испратат на родителите и пријателите, односно дека ќе ги објават на интернет во случај да не продолжат да им испраќаат фотографии од нивните голи тела или да им испраќаат пари. За жал, во некои случаи ваквите уцени завршуваа трагично, односно со самоубиства, поради што од големо значење е едукацијата на младите и обезбедувањето алатки кои ќе ја спречат оваа форма на уцени.

Инстаграм најави дека наскоро ќе започне со тестирање на вакви алатки со кои имаат намера да ја спречат оваа форма на уцена, а кои вклучуваат заштита од голотија. Новата алатка на Инстаграм ќе ги замагли голите фотографии испратени преку директни пораки и оваа опција автоматски ќе се активира за сите малолетници. Системот за заштита од голотија користи вештачка интелигенција на уредот на корисникот за да препознае голи луѓе на фотографиите во директни пораки. Луѓето на возраст над 18 години ќе можат сами да ја активираат оваа опција доколку не сакаат да добиваат интимни фотографии од други луѓе.

Кога системот ќе препознае дека корисниците испраќаат такви фотографии, ќе ги насочи кон опцијата за безбедносни совети, во која, меѓу другото, ќе предупредат дека примателите можат да направат скриншот и да ги проследат таквите фотографии без знаење на испраќачот. Исто така, Инстаграм ќе примени мерки за идентификување на лица кои би можеле да бидат уценувачи и да користат тактики за измачување. Во овој случај, ќе им биде тешко да дојдат во контакт со други луѓе.

За луѓето кои можеби биле во контакт со луѓе чии профили се избришани поради сексуална уцена, Instagram тестира известувања кои ќе ги поврзат со поддршка и експерти кои ќе ги советуваат.

Како што објаснуваат на Би-Би-Си, изнудувањето или сексуалната изнуда често е дело на организирани и софистицирани криминални банди кои сакаат да извлечат што е можно повеќе пари преку таквите уцени. Тоа е страшно злосторство, коментираат од Инстаграм. Од компанијата велат дека алатката не е дизајнирана само да ги заштити луѓето од несакани фотографии со голотија, туку и да ги заштити од испраќање на нивните интимни фотографии на измамници кои први им испраќаат такви слики, со цел да побараат од нив да испраќаат голи фотографии за возврат.

Треба да се нагласи дека блокирањето фотографии не испраќа известување до Инстаграм за испраќање интимни слики, туку нагласуваат дека корисниците секогаш имаат можност да блокираат и пријават профил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП