Жестока караница на Салах и Клоп: Во Ливерпул се се распаѓа – сите едвај чекаат да заврши сезоната (ВИДЕО)

Ливерпул веќе и сериозно се откажа и од минималните шанси за битка за трофејот по денешното реми (2-2) на гостувањето против Вест Хем.

Се чини, како сите во Ливерпул едвај да чекаат да заврши сезоната во која во само десеттина денови од месец април успеаја да упропастат се што се градеше цела сезона.

Доказ за тоа е и жестоката караница покрај аут-линијата на Јирген Клоп и Мохамед Салах, во моментите кога Салах чекаше влегување во игра. И двајцата си разменија по неколку збора, но очигледно Салах беше далеку полут па Нуњез мораше да го смирува пред влезот на терен…

Се вчитува...