Breaking News

Иранскиот претседател Раиси од утре во посета на Пакистан


Иранскиот претседател Ибрахим Раиси од утре до 24 април ќе престојува во официјална посета на Пакистан, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи.


Целта на посетата, како што јавуваат агенциите, е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран.


За време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание, се вели во соопштението на Министерството.

„Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, додаваат од пакистанското министерство.


По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА