Ништо од Реал: Алфонсо Дејвис останува во Баерн Минхен

И покра тоа што силни беа напорите на Реал Мадрид да го доведе Канаѓанецот Алфонсо Дејвис следното лето, ништо од преселба на левиот бек во кралскиот клуб.

Дејвис одлучи да му остане верен на Баерн и да го продолжи договорот, пренесуваат германските и шпанските медиуми.

Дејвис можеше да дојде во Реал Мадрид како слободен играч во текот на летото, но Баерн сега му понуди далеку подобар договор. Преговорите се уште се во тек, но Канаѓанецот моментално е најблиску до прифаќање на понудата за продолжување на договорот со Баерн Минхен.

Се вчитува...