„Дежа-ву“: Мареј за победа на Денвер и елиминација на Лејкерс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс се пласираше во полуфиналето од плеј-офот во Западната конференција откако со 4-1 во првата рунда ги елиминираше Лос Анџелес лејкерс.

Во петтиот натпревар одигран во Колорадо, повторно во неизвесна завршница Денвер славеше со 108-106. И повторно херој за домаќините беше Џамал Мареј кој ги даде поените за победа. Токму Мареј со 32 поени беше прво име во таборот на победникот, додека одлична вечер имаше и Никола Јокиќ со 25 поени, 20 скока и девет асистенции.

Кај Лејкерс недоволни беа 30 поени на Леброн Џејмс.

Бостон селтикс направи нов брејк против Мајами хит и поведе со 3-1 откако славеше на гостувањето на Флорида со 102-88.

Оклахома сити тандер ја заврши серијата против Њу Орлеанс пеликанс со „метла“, откако во четвртиот меч славеше со 89-97.

Се вчитува...