Хари Кејн сака да го собори рекордот на Левандовски во Бундеслигата

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, сака да го собори рекордот на поранешниот напаѓач на баварскиот тим, Роберт Левандовски, за највеќе постигнати голови во една сезона во Бундеслигата.

Кејн на 31 натпревар во Бундеслигата досега постигна 35 гола и му недостасуваат уште шест гола за да се израмни со Левандовски кој рекордот го постави во сезоната 2020/21.

Кејн вчера ги постигна двата гола за Баерн во победата од 2:1 над Ајнатрахт и во последните три кола против Штутгарт, Волфсбург и Хофенхајм треба да даде шест гола за да се израмни со Левандовски или да даде седум гола и да биде нов рекордер во Бундеслигата.

„Можно е да се собори овој рекорд, но морам да бидам ефикасен. Морам да дадам неколку голови во наредните недели. Како што реков, блиску сум, рекордот е на дофат, но се ќе зависи од останатите три меча“, изјави Кејн.

Напаѓачот досега постави рекорд во Бундеслигата кој тешко ќе биде повторен во скора иднина, тој во својата дебитантска сезона во најсилната германска лига, даваше гол или асистираше против секој тим во лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести