Поврзи се со нас

Гостивар

Трка и подарок велосипеди за средношколци во Гостивар по повод 3 Јуни

Објавено

на

Со велосипедска трка на средношколци низ гостиварските улици и подарок велосипед за секој учесник, во Гостивар беше одбележан Светскиот ден на велосипедизмот, 3 Јуни. Активноста ја организираше општината во соработка со Сојузот на училишни спортови – Гостивар и компанијата Вардар Доломит.

На ваков начин се цели да се сензибилизира населението да користи повеќе велосипеди и да избегнува други превозни средства кои предизвикуваат загадување на воздухот и отежнат сообраќај.

„Заедно донираме 21 велосипед на ученици од четирите средни училишта во Гостивар. Сакаме да ги мотивираме децата што повеќе да користат велосипеди. Минатите години во еколошките програми на општината беа предвидени субвенции за купување на велосипеди, а годинава решивме да подариме на учениците. Гостивар има скоро 7 километри велосипедски патеки, идејата е граѓаните, особено во летниот период што помалку да користат автомобили, а што почесто велосипеди. Така и загадувањето на воздухот е помало, но и помалку возила ќе има низ градот. Инаку, јас редовно возам велосипед, годинава уште не сум го користел поради честите врнежи, но дефинитивно да, возам редовно велосипед“, рече градоначалникот, Арбен Таравари.

Претседателот на Сојузот на спортови-Гостивар Бурим Бешири упати благодарност до општината и компанијата вклучена во активноста, нагласувајќи дека децата треба да бидат повеќе физички активни.

„Може да оценам дека децата не се доволно физички активни и многу време поминуваат на мобилните телефони и социјалните мрежи. За нивното здравје и развој добро е да спортуваат и да бидат повеќе активни. Токму низ ваквите активности сакаме да ги мотивираме и поттикнеме кон тоа“, кажа Бешири.

Трката започна пред општинската зграда и се одвиваше преку улиците Кеј Вардар –  Беличица – Гоце Делчев, со финиш на истото место како стартот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена