Поврзи се со нас

Гостивар

Собир во Гостивар за годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт

Објавено

на

На пригоден собир, со историски осврт и положување на цвеќе, во Гостивар беа одбележани 79 години од пробивањето на Сремскиот фронт, односно завршните операции   за конечно ослободување на Југославија. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојуз на борци Гостивар, традиционално пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.

„Македонија беше ослободена со сопствени сили, беше извојувана национална и социјална слобода, беше воспоставена народна власт. Својата слобода македонскиот народ ја плати со 24 илјади жртви. По ослободувањето на Македонија, дел од македонските борбени единици зедоа учество во завршните операции за конечно ослободување на Југославија. На Сремскиот фронт беше испратен Петнаесеттиот македонски корпус со околу 22.000 војници, составен од 8 бригади организирани во  првата југословенската армија. Во содејство со другите единици на 12 април 1945 г. беше пробиен Сремскиот фронт. Македонските воени формации водеа тешки борби кај Товарник, Винковци, Славонска Пожега, Винковци, учествуваа и во ослободувањето на Загреб, а дел се бореа и во Словенија. Во ослободувањето на Југославија на 15 мај 1945 година, македонските единици зедоа учество во чистење на теренот. Во тие борби загинаа 1.674 борци од Македонија од сите националности. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Гостивар и гостиварско чесно го дадоа својот придонес во големата и пресудна борба за слобода. Од нашиот крај паднаа 322 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор. Само во завршните операции за ослободување на Југославија животите ги загубија 218 наши сограѓани, а стотина беа ранети. Сето ова прави актерите на овие настани да се вселат во историјата како личности кои не само што знаеле да ја изберат вистинската страна, туку со својата решеност и политичка проценка и пожртвуваност ги задолжуваат сегашните и идните генерации.“ , рече пред присутните Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци во Гостивар.

Одбележувањето на 79 години пробивање на Сремскиот фронт се заокружи со положување на букети цвеќе на споменикот и едноминутно молчење.

Цвеќе положија делегации на боречката организација и од гостиварските ограноци на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 36 минути

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 9 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 17 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 18 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 21 час

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 22 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 22 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена