Екипата на Воска Спорт во дебитантската сезона во Првата лига, оствари историски успех со пласман во финалето од Купот на Македонија.

Во реваншот од полуфиналето одигран денеска во Скопје Воска загуби од Македонија Ѓорче Петров 2:1 и благодарение на победата во првиот меч одигран во Охрид од 2:0 обезбеди пласман во финалето.

Противник на Воска Спорт во финалето од купот ќе биде екипата на Тиквеш која беше поуспешна од Шкупи по изведувањето на пенали.

Г.М.