Љубителите нбаадреналински возења можат да бидат мирни – возењето на рингишпил останува возбудливо, но пред се безбедно.
Хорор сцена во виенскиот „Пратер“ во понеделникот наутро предизвикала возбуда кај минувачите – на голема височина ненадејно застанала лулашка-рингишпил, а патниците биле спуштени еден по еден со помош на пожарникари.
Но, и управата на забавниот парк и итната помош брзо ги смириле граѓаните кои сето тоа врескајќи го гледале од земја, но и ја снимале сцената што леди крв.
Набљудувачите немале поим дека драматичната акција всушност била однапред испланирана пожарникарска вежба. Виенските пожарникари покажале врвна прецизност во контролираното спуштање на „заробените“ патници, обезбедувајќи сите безбедно да стигнат до земјата.
View this post on Instagram
Вежба под екстремни услови
– Целта на вежбата беше да се обучат службите за итни случаи за потенцијални итни случаи и тестирање на координацијата во екстремни услови – изјавила портпаролката на забавниот парк за австрискиот портал Krone.
Љубителите на адреналин можат да бидат мирни – возењето со рингишпил останува возбудливо, но пред се безбедно.
Фото: Принтскрин/Instagram