EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Екипата на Партизан не успеа да обезбеди место во плејофот во Евролига, па тренерот на тимот, трофејниот Жељко Обрадовиќ, почна да пикира нови странци за наредната сезона. Прв на листата на желби е кошаркарот на Баерн, Серж Ибака (34), пишува италијанскиот новинар Матео Андреани.

Ибака моментално настапува за германскиот тим, но се шпекулира дека клубот нема да му понуди нов договор на крајот од сезоната. Андреани се повикува на свои извори и истакнува дека „црно-белите“ ја следат ситуацијата и дека центарот е по вкус на тренерот Обрадовиќ.

Инаку, Ибака со тимот на Торонто ја освои титулата во НБА лигата, па доколку се реализира овој трансфер, несомнено ќе биде екстра засилување за српскиот тим.