Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник -Велигден.

Што се прави на Велика сабота?

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Празник на љубовта и мирот

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

Точно на полноќ, биењето на камбаните ќе го означи Христовото воскресение. За Христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта, и доброто над злото.

„Христос воскресе”

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Верниците ги посетуваат црквите, палејќи свеќа со желби за здравје и благосостојба.

Велигденски средби

По храмовите, ќе се прослави овој празник. Од многуте кои ќе прослават, се истакнува црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 36-ти велигденски средби.

Православните верници го прославуваат овој празник.