Драма над Црното Море: Се урна руски воен авион, снимен моментот (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руски воен авион падна во морето во близина на Севастопол, јави гувернерот на градот Крим, именуван од Москва, Михаил Развозаев, пренесоа светските агенции.

„Воен авион падна во морето. Гледам дека украинските блогови објавуваат многу различни информации. Ниту еден цивилен објект не е оштетен“, напиша тој во „Телеграм“. Развозаев додаде дека пилотот успеал да се катапултира и дека спасувачите го извлекле на брегот. Животот на рускиот војник не е во опасност.

Претходно денеска руските канали во „Телеграм“ објавија дека во близина на Севастопол се урнал борбен авион Су-35, но не е јасно дали пораката на Развозаев е поврзана со спорните публикации, пишува Ројтерс.