Поврзете се со нас

Англија

Официјално: Тотенхем „раскина“ со Конте, познат е тандемот кој ќе го води клубот

Објавено

на

Англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем и официјално ја потврди разделбата со италијанскиот стратег Антонио Конте.

Конте беше по последниот меч на „петлите“ и кажа се што му лежи на срце, но тоа негово „шоу“, критики му донесоа отказ од клубот од Лондон. Договорот му завршуваше на крајот на сезоната, меѓутоа разделбата се случи неколку месеци порано со тоа што екипата сега ќе ја води Кристијан Стелини, додека асистент ќе му биде Рајан Мејсон.

-Остануваат уште десет натпревари во Премиер лигата и имаме борба за место во Лигата на шампионите. Сите ние треба да се собереме. Секој треба истапи за да имаме најдобра можна завршница за нашиот клуб и неверојатните, лојални фанови, -порача претседателот Даниел Леви.

Со ова беше ставен крај на втората приказна на Конте на островот, првата беше во Челси во периодот од 2016 до 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни