Шест милиони жители на кинескиот град Џенгџу во карантин поради коронавирусот

Голема редица од луѓе кои чекаат на ред за ковид-19 тестирање во Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Властите на градот Џенгџу во централната кинеска провинција Хенан, денеска наредија ограничувања и затворање на шест милиони луѓе по регистрираните случаи Ковид-19. Локалните власти наредија голема скрининг-кампања во неколку градски окрузи.

Жителите на центарот на градот не смеат да ја напуштат областа без негативен ПЦР-тест и дозвола од локалните власти. Исто така, им се советува да не ги напуштаат своите домови.

Мерките се однесуваат на половина од жителите на Џенгџу, но не ја покриваат областа на фабриката за изработка на телефоните „ајфон” каде што веќе се воведени ограничувања за вработените. Демонстрации на вработените избувнаа вчера во големиот индустриски комплекс “Ајфон сити” во Џенгџу, каде се вработени околу 200 илјади луѓе, од кои повеќето и живеат таму.

Според вработените и видеата објавени на социјалните мрежи, работниците протестирале поради спорните договори, но и строгите рестриктивни мерки за контрола на Ковид-19.

Соочени со зголемен број на заразени во последните месеци, дел од работниците избегаа на крајот на минатиот месец, жалејќи се на хаосот и неорганизираноста што владее во комплексот што е под карантин.

Министерството за здравство денеска објави нов рекорд по бројот позитивни случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Регистрирани се 31.444 случаи на инфекција, од кои 27.517 асимптоматски. Таа бројка го надминува претходниот рекорд од 29.317 случаи од средината на април кога беа воведени органичувања во Шанг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот