Македонија

На Османи му пречи што се зборува за коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција: Нема поголемо омаловажување

Кандидатот на ДУИ за претседател, Бујар Османи, кој не успеа да се пласира во вториот круг, е навреден оти се зборува за коалиции по изборите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозоција. Тој кажа дека тоа носи мобилизација, а истото е понижување на другите етникуми односно Албанците.

„Во следните денови секој што ќе зборува за коалиции, вршат најголемо понижување на граѓаните. Луѓето треба да ја изразат нивната волја, ние не се занимаваме со Владата. Ние понудивме и оставка за уставните измени, а камо ли за волјата на граѓаните. Тоа е прво и последно и треба да се почитува од сите. Затоа мислам дека нема поголемо омаловажување, од тоа денес, девет дена пред изборите да зборувате кој со кого ќе коалицира“, посочи Османи.

На почеток