Свет

„Мислев дека ќе ме поклопи регалот, се тресеше многу“ – сведоштво за земјотресот во Србија

Беше навистина силен. Кратко, но силно. Со овие зборови, уште вознемирена Мила Петровиќ од Кладово за „Телеграф.рс“ опишува колку биле преплашени од земјотресот што утрово го погоди нивниот град. Беше 4,3 степени според Рихтеровата скала, па беше почувствувана и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија.

– Мислев дека регалот ќе ме поклопи. Немаше време за бегање никаде. Се тресеше многу – вели Мила и додава:

– За среќа беше кратко. Кога се смири, излезе цела улица – вели тој.

Некои граѓани го почувствуваа и во Ниш.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри.

На почеток