Мотоциклист удрил во велосипедист и избегал

Од:

Во полициската станица во Виница вчера од дежурен лекар од Здравствениот дом во градот е пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки повреди.

Според МВР, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-село Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и мотоцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки бил пронајден моторциклистот и утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од виничкото село Лески.

Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица во Виница.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Се судрија три возила, повредени се 12 лица

Повредено едно лице во сообраќајка кај кавадаречко Дреново

Горан Наумовски