Вести Македонија

Во Велес одржан првиот регионален саем за наука

Во основно училиште „Блаже Конески“ во Велес, денеска беше организиран првиот регионален Саем за наука, на кој учествуваа шестооделенци од Велес, Штип, Облешево, Батинци и Лозово. Учениците на саемот имаа можност да видат интересни и брзи научни експерименти, но и да гледаат на микроскоп.

Ружица Петрушевска – Николовска, наставничката по предметот наука и биологија, во училиштето е организатор. Во претходниот период, била дел од дводневната работилница за ефективна настава по природни науки, која е иницирана од општествената организација „Македонија 2025“.

Таа во интервјуто изјави: Петрушевска: ,,Саемот е за учениците, тие преку истражувачки активности, експерименти и иновации, да може подобро и поквалитетно да учат, но и да се запознаат со вештините од областа на природни науки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Пендаровски од Тетово: Нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни

Дејан Дејан

ФОТО: На Рекорд нова сообраќајна незгода со моторџија во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе