Тони Кукоч ги анализираше поразот на Партизан и можноста Обрадовиќ да биде тренер во НБА

Легендата на хрватската и европската кошарка, Тони Кукоч, во живо од првиот ред во „Штарк арената“ гледаше како Партизан загуби од Олимпијакос во меч од Евролигата на кој српскиот тим водеше со 13 поени разлика на девет минути до крајот и даде свое мислење каде Црно-белите ја утнаа работата.

Кукоч е во Белград по повод премиерата на документарниот филм „Волшебна седумка“, чиј автор е Сабахудин Топалбеќиревиќ, а во кој се зборува за кариерата на Кукоч, кој е трикратен освојувач на Евролигата и трикратен шампион во НБА.

„Не е тајна дека Жељко можеби е најдобриот европски тренер на сите времиња. Не се сомневам дека ќе успее во НБА. Ако го земете неговото кошаркарско знаење, тој сигурно ќе успее. Но, ако го земете предвид неговиот начин на комуникација, не знам дали играчите во САД би го преживеале тоа, денес играчите се разгалени. Не е до тренерот, туку до играчите, колку повеќе пари заработуваат, току помалку играат“, рече Кукоч, кој потоа го прокоментира и поразот на Партизан.

„Имав чувство дека Партизан ја контролира играта, имаше 13 поени разлика, а потоа во последната четвртина бев изненаден од ноншалантните додавања и дриблинзи. Олимпијакос го сврте натпреварот во своја полза со агресивна одбрана и со кошевите на Вилијамс Гос. Партизан го загуби ритамот, тоа не треба да се случи. Кога ќе влезете во последните две минути во изедначена игра, треба да се бараат слободни фрлања. Фалеше и поддршка од резервите, некој играч од клупа што ќе даде пет поени и ќе ја запре серијата на Олимпијакос“, додава Кукоч.

- Оглас -

Најнови вести