Бројот на загинати се зголеми на 143, утре ден на жалост во Русија

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва.

„Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост“, рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад.

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Поврзани новости