Чаби Алонсо конечно објасни зошто ги одби понудите на Баерн и Ливерпул

Чаби Алонсо кој прави чуда со Баер Леверкузен, изминатите месеци стана најпосакуван тренер од гигантите, но тој одлучи да остане и следната сезона во германскиот тим, а сега јавно кажа зошто се одлучи на тој потег.

Шпанецот во интервјуто за телевизијата Ти-ен-ти спорт, откри зошто ги одби понудите на Баерн Минхен и Ливерпул.

„Има многу причини за ваквата одлука. По една година, тука создаваме и градиме тим, имаме фантастичен тимски дух. Се чувствувам како дел од клубот. Едноставно не чувствувам дека треба да си одам по само една година. Не е вистинско време за заминување. Затоа останав“. изјави Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести