Анализа: По 8-ми мај СДСМ ќе функционира на маргините на политичката сцена

Анализа: По 8-ми мај СДСМ ќе функционира на маргините на политичката сцена

Десет дена го делат СДСМ од барем како што покажуваат анектите, но и резултатите на првиот круг на претседателските избори, најголемиот пораз во нивното постоење. Разликата од повеќе од 180 000 гласови меѓу Пендаровски и Силјановска наговестува огромна победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Мицкоски на парламентарните избори.Но што понатаму ќе прави СДСМ, како ќе продолжи да функционира по евентуалниот и предвидлив пораз? Дел од аналитичарите согласни, партијата ќе функционира во маргините на политичката сцена.

  • СДСМ секако ќе продолжи да функционира како политичка партија, имаат имот, имаат луѓе, имааат 150 илјади гласачи секогаш на лагери. Ќе треба години за да видиме која е дефиниивната идна судбина на СДСМ. Но СДСМ веќе не е политичка партија туку ќе продолжат да работат како фирма. Политчка партија без идологија е исто што и фирма. Нема разлика, со тоа што нивната фирма е пред стечај, така да ќе треба да бараат луѓе кои ќе го спасат тој стечај“ вели новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Зошто СДСМ воопшто и се доведоа до ризик од вакво сценарио, новинарот Павловиќ Латас вели, оти нивните последни два претседатели на партијата, односно Заев и Ковачевски се откажале од идологијата на партијата. Како да опстанат во политичкиот живот, Латас дециден, промената на раководството е неопходна.

  • Тоа секако и ќе се случи, дел затоа што сакаат членовите на СДСМ да го збришат ова раководство, а дел од ова раководство ќе им смени јавното обвинителство. Тој процес не може да се запре, но тоа е малку. Вие сте избришале се што стои позади себе, сте ја урнале куќата која ви е градена со децении, не може да ја изградите од ново преку ноќ и да кажете ова е истата куќа. СДСМ ќе ја доживее судбината на социјалистите во Србија, кои ќе бидат така минорна или мала политичка партија, не дај боже за нив да ја доживеат судбината на грчки Пасок кој е растурен сосема“ вели Павловиќ.

Во историјата  социјалдемократите имале и други тешки порази – на пример оној на парламентарните во 2006 на чело со Владо Бучковски кога освоија нешто повеќе од 200 илјади гласови, но и изборите во 2008та, кога на чело на партијата беше Радмила Шеќеринска – тогаш освоија нешто повеќе од 230 илјади гласови.

Но сега се очекува поразот да биде уште поголем, оти Пендаровски освои 180 000 гласови, а неговиот личен рејтинг, барем според дел од аналитиачрите е за 1 до 2 проценти поголем од партискиот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )