Штипјанката Марија Цветанова денес патува за Турција на Светски квалификации за Олимпијада

Младата борачка Марија Цветанова од Штип денес патува за Турција каде утре ќе настапи на Светските квалификации за Олимпијадата во Париз. Конкуренцијата ќе биде голема бидејќи ќе настапат голем број на натпреварувачи од целиот свет.

На светските квалификации норма за Олимписките игри ќе обезбедат финалистите, а третопласираните ќе се борат меѓусебно, а победникот односно единствениот трет ќе оди на Олимписките игри.

Цветанова за телевизија М Нет вели дека максимално се подготвувале изминатиот период и подготвена заминува за Турција.

Конкуренцијата ќе биде голема со оглед на тоа дека се работи за Светски квалификации и се бара виза која води на Олимпијадата во Париз.

Цветанова на Светските квалификации за Олимпијада во Турција ќе настапи во конкуренција до 57 килограми.

Александар Ванев, М-Нет