Снајдер: Поради потегот на Антони, сакам финалето на ФА купот да го загуби со 0-5!

Поранешниот холандски репрезентативец и ексѕвезда на Реал Мадрид, Интер, Ајакс и Галатасарај, Весли Снајдер, го критикуваше крилото на Манчестер јунајтед, Антони, за неговото однесување по полуфиналето на ФА купот со Ковентри.

По победничкиот пенал на Расмус Хојлунд за Јунајтед во пенал-серијата, Антони истрча пред играчите на Ковентри и свртен кон нив ги стави дланките до ушите. За овој потег на непочитување, му се налутија дури и фанови на Црвените ѓаволи.

„Антони треба да се срами од тоа што го направи. Требаше само да замине од теренот наместо да го прави тоа. Се надевам дека Јунајтед ќе го загуби финалето со 0-5“, изјави Снајдер.

Јунајтед за да го донесе од Ајакс, за Бразилецот Антони плати околу 100 милиони евра, а целиот тим на Ковентри заедно е проценет дека вреди 55 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести