18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите кои избегаа во странство се враќаат и ја поддржуваат економијата

Русите кои избегаа во странство се враќаат и ја поддржуваат економијата

Еден милион Руси избегаа во странство во првата година од инвазијата на Кремљ врз Украина. Сега, илјадници луѓе се враќаат дома, обезбедувајќи пропагандна победа за претседателот Владимир Путин и поддржувајќи ја неговата воена економија.

Во време кога војната продолжува и човекот кој ја започна се подготвува да влезе во уште еден шестгодишен мандат, многу Руси се соочуваат со тежок избор. Соочени со заканата дека ќе им биде одбиено обновувањето на нивните дозволи за престој, тешкотијата да се преселат со работа и пари во странство и ограничените дестинации кои сè уште ги прифаќаат, Русите избираат да го прекинат својот самонаметнат егзил.

„Тоа не ни помогна, всушност никој не нѐ чекаше“ во странство, рече Алексеј (50), поранешен политички консултант од Москва, кој се населил во Грузија за да работи како претприемач откако беше приведен на антивоен протест во Руската престолнина. Се вратил кога му снемало финансирање на неговиот бизнис. Алексеј и останатите соговорници на „Bloomberg“ не сакаа да ги откријат своите презимиња од безбедносни причини.

Руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022-ра година, предизвика масовен егзодус на луѓе од Русија од размери што не се забележани од распадот на Советскиот Сојуз. Многумина заминаа во опозиција на војната и поради страв од мобилизација. Кога Путин нареди да се повикаат 300.000 резервисти во септември 2022-ра година, тоа предизвика нов бран на заминувања на стотици илјади луѓе.

Егзодусот се забавува, но сѐ уште не е целосно запрен. Во јуни, Кремљ се пофали дека половина од оние што побегнале во тие први денови веќе се вратиле, и се чини дека тоа е во согласност со достапните статистики од најпопуларните дестинации за бегство на Русите, како и со извештаите од компаниите за преселување. Според податоците за клиентите на компанијата за преместување Финион во Москва, 40%-45% од луѓето кои заминале во 2022-ра година се вратиле во Русија, известува шефот на компанијата Вјачеслав Картамишев.

Путин изрази задоволство од враќањето на деловни луѓе, претприемачи и висококвалификувани специјалисти, нарекувајќи го „добар тренд“. Тој го посочува напливот на луѓе како знак на поддршка за неговата политика, без оглед на вистинските причини за нивното враќање дома и податоците дека Русите имаат „чувство на припадност, разбирање за она што се случува“.

Приказните за повратниците се користат во пропагандата како потврда за „русофобијата“ на Запад, вели Татјана Становаја, основач на компанијата за политички консултантски услуги „R.Politik“ и виш соработник во Центарот за Евроазија на Русија Карнеги. За Путин ова е важно бидејќи „му дава гориво и повеќе докази дека бил во право“, забележува таа.

Илјадниците вратени емигранти и помагаат на Русија да се справи со воените санкции и да постигне стабилни економски перформанси. Повратените мигранти веројатно ќе додадат меѓу една петтина и една третина на годишниот економски раст на Русија од 3,6 отсто во 2023-та година, според „Bloomberg Economics“.

Но, работниците што се враќаат сè уште сочинуваат само 0,3% од вкупниот број вработени. Ова не помага многу за да се ублажи акутниот недостиг на персонал на пазарот на трудот, но го истакнува големиот придонес на репатрираните Руси во економската активност.

„Прво, мигрантите кои се враќаат имаат тенденција да имаат повисоки плати и се вработени во индустрии со повисока додадена вредност – истражувањата покажуваат дека нивото на приход е силно поврзано со веројатноста да ја напуштат земјата за да избегнат мобилизација во 2022-ра година, коментира Алекс Исаков, економист за Русија во „Bloomberg“.

„Второ, повратниците ја поддржуваат активноста во домашните индустрии ориентирани кон потрошувачите, како што се услугите за домаќинство, малопродажбата и недвижностите, наместо да ја трошат својата заработка во странство. Последново е исто така важно за намалување на одливот на капитал од Русија во 2023-та година“, додава тој.

За некои, Русија сега нуди подобри можности и услови за работа отколку пред војната, бидејќи земјата се обидува повторно да привлече малку специјалисти. Програмерот Евгениј и неговото семејство се вратиле по околу една година живеење во Алмати, Казахстан, кога добил понуда за работа во Русија со плата и услови за кои претходно не можел ни да сонува.

„Ова е подарок за нас“, вели претседателот на Националниот истражувачки центар на Институтот Курчатов по ЦЕРН, Европската организација за нуклеарни истражувања, позната по проектот Големиот андронски колајдер, рече дека оваа година ќе престане да работи со специјалисти од Русија. Тоа значи враќање на научниците во Русија, додава тој.

Враќањето е единствената опција

Иако бројките за бројот на луѓе кои заминуваат многу варираат, економистите во „Alfa Bank“ во Москва проценуваат дека Русија ќе изгуби околу 1,5 отсто од целата своја работна сила во 2022-ра година, или околу 1,1 милион луѓе. Иако некои заминаа во Европа, многумина заминаа во места како Обединетите Арапски Емирати, Тајланд и Индонезија, земји кои не го следеа водството на САД и нивните сојузници во санкционирањето на Русија, како и во соседните поранешни советски републики.

Илјадници Руси побрзаа да добијат дозволи за престој во странство. Графички: „Bloomberg LP“.

Руските граѓани имаат потешкотии или одбивање кога се обидуваат да ги обноват дозволите за престој што им истекува, вели Картамишев. Многумина од нив на крајот избраа да се вратат во Русија, додаде тој.

Податоците на „Finion“ покажуваат дека дури и во најпријателските земји како Ерменија и Киргистан, Русите се под зголемен надзор. Голем број европски земји, особено на истокот, воведоа барања кои значително им отежнуваат на Русите да добијат или да ги обноват дозволите за привремен престој. Турција го направи истото, изненади десетици илјади Руси кои потоа беа соочени со изборот да се вратат дома или да бараат друга земја, вели Картамишев.

Во моментов, бројот на краткорочни дозволи за престој на Русите во Турција е околу 60.000, што е преполовен во споредба со 132.000 во 2022-ра година, според официјалните податоци.

Податоците на Грузиската статистичка служба покажуваат дека бројот на Руси кои ја напуштиле земјата се зголемил за шест пати на 35.344 во 2023-та година, додека пристигнувањето на мигранти е намалено за 16 отсто во споредба со една година порано. Казахстан пријави 146.000 новопристигнати од Русија до крајот на 2023-та година, но руски дипломат во Алмати рече дека по една година, не останале повеќе од 80.000 луѓе.

Процесот на репатријација најверојатно ќе продолжи. Според студијата на политиколози предводени од Емил Камалов и Ивета Сергеева од Европскиот универзитетски институт во Фиренца, само 41% од руските мигранти, а во некои земји само 16% сметаат дека нивниот статус е стабилен или донекаде стабилен во општествата домаќини. Оваа неизвесност дополнително се продлабочува со тврдењата на 25% од испитаниците дека се дискриминирани од локалното население или институциите.

„Тие откриваат дека „светот буквално е свртен против нив. Тие се вратија со незадоволство и чувство дека „На крајот на краиштата, Путин не погрешил толку. Тие навистина не мразат“, вели Ана Кулешова, социолог во Групата за социјално предвидување.

Назад дома, многу емигранти кои заминаа поради нивното противење на војната се соочија со различни предизвици. 35-годишниот специјалист за ИТ банкарство Александар се вратил во Русија од Азербејџан бидејќи неговото семејство не се чувствувало добро таму. Тој нашол работа во голема руска банка, каде што повеќето негови колеги го поддржуваат Путин и веруваат во воената пропаганда, вели тој.

Александар не се расправаше со своите колеги по ова прашање. „Не е безбедно да ги убедувате колегите. Чекам да заврши овој кошмар“, забележува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП