(ДОПОЛНЕТО)Свирепо убиство вечерва во центарот на Прилеп – 14 годишно момче избодено до смрт!

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.

Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел “Скопје”, каде и починало.

Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години.

Полицијата и обвинителството ја започнаа истрагата за тоа како вечерва е убиено 15 годишно ромче кај деветтокатницата во центарот на градот.Паралелно се работи и врз утврдување на неговиот идентитет.

Кај убиеното момче не се пронајдени никакви документи. Телоти веќе е во болничката капела и надлежните издадоа наредба за обдукција. Убиството е извршено со повеќе убоди од нож.А во полицијата го пријавиле по службена должност лекарите од прилепската болница.

А на овој  чин му предходела распаравија од група млади а потоа следел физички напад кој завшил со фатален крај.

-Во 19.35 часот добивме повик за интервенција на булеварот. Констатиравме дека лицето има повеќе надворешни крвавења, не даваше знаци на живот. Беше пренесено на одделот за анестезија и реанимација при градската болница, но сите обиди за негова реанимација беа безуспешни – ни изјави дежурниот лекар при Службата за итна медицинска помош во Прилеп.

Увид направија полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.

– Трагичниот настан се случил во периодот од 19 до 20 часот. Според првичните сознанија, момчето било нападнато со остар предмет, сѐ уште не се знае дали од едно или повеќе лица. Било нападнато пред „Деветтокатницата“ во центарот на Прилеп. Пронајдено е со многу крвави убодни рани на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“, веројатно се обидело да се оддалечи од местото на нападот. Наредена е обдукција на телото за да се констатираат причините за смрт – вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Back to top button
Close