10.8 C
Скопје
30/03/2025 06:28
МАКТЕЛ

    

Македонска пештера

      

Наместо да ја споделиме болката со луѓетo кои ги загубија своите најблиски, ние ги споделувавме приказните од прес-конференциите за лиценците, вистински или лажни, кој можеби направил криминал, а кој можеби не. На оној огромен протест во Белград минатата сабота, петнаесетина минути пред да дојде ударот од мистериозниот „звучен топ“, една од студентките која говореше од бината на плоштадот „Славија“, рече дека тие прават сѐ српските граѓани да не се дел од онаа позната Платонова пештера. Тоа можеби изгледаше како филозофски претенциозно, па дури и неразбирливо за најголемиот дел од присутните и оние што го следеа протестот преку телевизиските преноси. Но студентката беше во право, таа ја отсликуваше ситуацијата во Србија во последните 12 години и маѓепсаниот круг од кој граѓаните како да не гледаат излез и живеат според сенките. Кои се дури и лажни. И македонските граѓани на свој начин живеат во слична Платонова пештера и тоа многу убиствено се покажа во непоимливата трагедија во Кочани. Поминаа шест дена и таа за многумина уште изгледа како да не се случила, иако и самите тие знаат дека таа е најгорката од можните горки вистини. Изгледа дека е така кога се живее според сенките.

Што, всушност, значи Платоновата пештера? Еве еден концизен приказ на оваа алегорија. Алегоријата на пештерата, или Платоновата пештера, беше претставена од античкиот грчки филозоф Платон во неговото дело „Држава“ Книга VII за да го спореди „ефектот на знаењето и недостатокот од него врз нашата природа“. Напишано е како дијалог меѓу братот на Платон, Глаукон, и неговиот ментор Сократ, раскажан од филозофот. Платон го замолил Сократ да опише група луѓе кои цел живот живееле врзани со синџири за ѕидот на една пештера, свртени кон празен ѕид. Луѓето гледаат сенки проектирани на ѕидот од предмети што минуваат пред оган зад нив и им даваат имиња на овие сенки. Сенките се реалноста на затворениците. Сократ објаснува дека сенките на ѕидот воопшто не се реалност, бидејќи тој може да ја согледа вистинската форма на реалноста, а не произведената реалност, која се сенките што ги гледаат затворениците.

   

Затворениците не ни сакаат да го напуштат затворот во пештерата, бидејќи не знаат подобар живот. Затворениците еден ден успеваат да ги скршат своите синџири и да откријат дека нивната реалност не била она што тие мислеле дека е. Тие го откриле сонцето, кое Платон го користи како аналогија на огнот што човекот не може да го види зад себе. Онака како што огнот фрла светлина на ѕидовите на пештерата, така човечката состојба е засекогаш врзана за впечатоците што се добиваат преку сетилата. Меѓутоа, ако чудесно избегаме од нашето ропство, ќе најдеме свет што не можеме да го разбереме – сонцето е неразбирливо за некој што никогаш не го видел. Втората фаза на наративот се случува кога овие затвореници одеднаш се ослободуваат од своите окови, што сега им овозможува да ги свртат главите и да погледнат кон светлината. Ослободувањето од оковите предизвикува болка кај сега веќе поранешните затвореници, а таа е двојна: болка што произлегува од движењето на нивните вратови, кои, сега кога се слободни, можат да се движат во правци во кои нивните тела не се навикнати да се движат; и болка во очите, затоа што ослободените гледаат светлина што не се навикнати да ја гледаат. Оваа светлина ги спречува поранешните затвореници да ги видат луѓето и нивните артефакти. Затоа, иако се принудени да гледаат во самата светлина, тие претпочитаат да се свртат кон оние сенки кои се навикнати да ги набљудуваат, наместо да гледаат во предметите што им се претставени при ослободувањето. Потоа, еден од затворениците е насилно извлечен низ патеката што е тешко проодна. Поранешниот затвореник повторно доживува голема болка во очите, бидејќи сега се соочува со сончева светлина, која е многу поинтензивна од вештачката светлина на огнот. Постепеното навикнување на гледање предмети започнува со тоа што затвореникот прво ги препознава сенките на вистинските предмети, по што почнува да препознава слики на луѓе, флора, фауна и други нешта.

Фаталистички наративи

Овие денови од секоја уста се зборува дека Македонија е потонета, заробена, удавена во корупција во сите години независност. Дека нејзините граѓани во нивната пештера не знаат да функционираат на друг начин освен да бидат корумпирани или да корумпираат за најситни нешта, дури и безначајни, бесмислени. И дека нивниот живот е живот на сенки, без оглед дали се сиромашни или богати. Гневот, очајот, бесот и тагата носат и конечни заклучоци: дека ништо во оваа држава не вреди, дека е уништено, корумпирано, дека сме „смачкано племе“, како што напиша во песна Блаже Конески. Па некако се доаѓа до заклучок дека ние сме си доделиле извонредна улога на жртва на самите себеси и во таа улога дури наоѓаме и задоволство. Дека престојот во пештерата и гледањето на лажните сенки е подобро отколку обидот за промена и погледот кон сонцето. Секако дека тоа се фаталистички наративи. Колку и да сакаме да претставиме дека ништо не чини во оваа држава и да кукаме над сопствената судбина во чие кроење и самите учествуваме, тоа, сепак, не е така. И за секој дострел да се погледне во сонцето, колку и да боли, сме се избориле. И од таа точка треба да одиме понатаму, а не да се враќаме назад, во „комфорот“ со синџирите во пештерата и сенките.

Случувањата околу трагедијата во Кочани некако покажува дека многумина се наклонети да ги гледаат сенките и да ослонуваат само на таа вистина. Новинарското известување од оваа незамислива трагедија се претвори во незамисливо репортерство. Барем во оние мејнстрим медиуми, особено телевизиите. Во извештаите, трагедијата, всушност, е обезличена. Основната црта за сите клучни приказни во журнализмот е личниот допир. За жал, тоа сега го снема, а го имаше порано. Тоа се случи што поради силниот обид на владата да го контролира наративот, што поради самоцензурирањето на медиумите од исплашеност што не ја познаваат својата улога. Навратете се назад последнава недела на дневниците на националните телевизии: Панче Тошковски, па Панче Тошковски, па Панче Тошковски; потоа Љупчо Коцевски, па Љупчо Коцевски, па Љупчо Коцевски; па Арбен Таравари, па Арбен Таравари. Па одвреме-навреме Сашо Клековски. Министри, обвинители, други функционери. Трагедијата беше грабната од функционерите за да го прикажат бескомпромисниот почеток на борбата против корупцијата, а од човечка гледна точка највредните податоци јавноста ги добиваше од министерот за здравство. На социјалните мрежи, особено на Фејсбук, имаше искажувања на прежиевани од инферното во „Пулс“, но новинарството потклекна во една од неговите најкомплицирани битки. Владата ги соопшти имињата на загинатите дента на погребот, медиумите инцидентно објавуваа по некоја фотографија на оние што ги загубија животите. Всушност, најмногу се дозна за луѓето од и околу групата „ДНК“ што загинаа. За младите деца од Кочани, Штип, речиси да не се кажа ни збор.

Нивната тага не се вклопува со нашата тага

Истите овие медиуми објавуваа цели „таблоа“ на жртвите од речиси секое пукање во американските училишта и факултети. Ние ги гледавме оние што бесмислено ги загубиле животите во Америка, но не можевме да ги видиме оние што бесмислено загинаа во Кочани. Па, на пример, објавувавме десетици фотографии од скршената мајка на Алексеј Навални како, сепак, храбро стои покрај неговиот ковчег. Или екстремно тажните фотографии како другарите и роднините се простуваат од загинатите студенти од катастрофалната железничка несреќа во Грција. Приказните на луѓето од Кочани за трагичната загуба на нивните најблиски беа отфрлени, како нивната тага да не се вклопува со нашата тага.

Наместо да ја споделиме болката со луѓето кои ги загубија своите најблиски, ние ги споделувавме приказните од прес-конференциите на функционерите за лиценците, вистински или лажни, кој можеби направил криминал, а кој можеби не. Владините и други функционери ја запоседнаа јавноста, а новинарите благо го прифатија тоа. Препораката како да се известува од погребот во Кочани беше врвот на сето тоа. Оваа влада е на власт само девет месеци. Таму има луѓе кои никогаш не биле во извршната власт. А во медиумите има новинари кои работат со децении и кои известувале за многу трагични настани во оваа држава и знаат дека една од основните задачи на журнализмот е да ѝ ги претстават на јавноста и радоста и тагата.

Има една анегдота од југословенското време од 1960-те кога на еден познат и влијателен политичар не му се допаднало пишувањето на агенцијата Ројтерс, па им дал наредба на подредените и полицијата: „Уапсете го тој Ројтерс!“ Така некако изгледаше она трагикомично соопштение на Владата во четвртокот, кога беше погребувањето во Кочани за работата на странските медиуми, кои, замислете, не ги следеле препораките на македонските владини претставници. Еве еден дел од соопштението на Владата за известувањето на странските медиуми.

„Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и стремежот кон фотографии и наслови кои вознемируваат, привлекуваат внимание и кои имаат предност пред вистината, ја деградираат самата суштина на новинарството. Ова не само што е неприфатливо, туку е и длабоко штетно за целокупната јавност, но уште поважно за поединците и семејствата на погодените во оваа огромна трагедија. Искористувањето на моментот на жалост и тага заради спектакл е за осуда“. И уште ќе се додаде дека Владата изразува „најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми, кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани”.

Во основа, сѐ е поврзано со насочувањето на наративот и „контрола на штетата“ за оваа владина гарнитура од трагедијата без преседан во историјата на Македонија. Премиерот во првото обраќање вечерта во неделата, на денот на трагедијата не зборуваше за девастираните семејства во Кочани, за жителите на градот кои се уништени, тој зборуваше – за себеси. Еве како го почна неговото обраќање:

„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес е убедливо најтешкиот ден од мојот живот. Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен”. И така натаму и така натаму. За трагедијата на семејствата имаше само две реченици подолу во обраќањето: „Денес е најважно да изразиме сочувство кон семејствата, да се молиме за семејствата на загинатите и повредените и за народот на Македонија. Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочиме кон фактите и сѐ она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот“. За пред крајот пак да се наврати на себе: „Јас сум денеска скршен“.

Маск: Емпатијата е слабост на општеството

Емпатијата е најсилна кога човек ќе се поврзе со реални личности, без оглед дали ги знае или не. А не со бројки – 59; или се вестите за многу загинати млади луѓе, неколку од нив и деца. Дали таа емпатија треба да се поттикнува или да се контролира и потиснува? За крај на овој текст ќе ги пренесеме ставовите на новиот гуру на голем дел од македонските луѓе – милијардерот Илон Маск. Тој неодамна во разговорот со познатиот американски поткастер Џо Роган тврдеше дека сочувството и емпатијата е слабост на општеството.

Што точно рече Маск за емпатијата?

Маск: Има еден човек кој објавува на Икс и тој е навистина одличен, Гад Саад (канадски маркетиншки струњак)

Роган: Да, тој ми е пријател. Тој веќе неколку пати беше на поткастот. Маск: Да, тој е одличен и зборува за, знаете, практично самоубиствена емпатија. На пример, имате толку многу емпатија што всушност извршувате самоубиство. Значи, имаме цивилизациска самоубиствена емпатија. И тоа е како, јас верувам во емпатија, мислам дека треба да се грижиме за другите луѓе, но треба да имаш емпатија за цивилизацијата во целина и да не се посветиш на цивилизациско самоубиство…

Маск: Основната слабост на западната цивилизација е емпатијата. Искористување на емпатијата. Тие ја експлоатираат грешката на западната цивилизација, а тоа е емпатичната реакција. Значи, мислам дека емпатијата е добра, но треба да размислите добро и да не бидете програмирани како робот.

Роган: Точно, да се разбере кога емпатијата всушност се користи како алатка.

Маск: Да, тоа е емпатијата како оружје, тоа е проблемот. Овие негови зборови предизвикаа бура реакции на социјалните мрежи. Стотици луѓе како коментар на тезите на Маск споделија цитат од Густав Гилберт, затворски психолог на Нирнбершкиот процес, кој заклучи дека злото е отсуството на емпатија и дека тоа е заедничко за сите обвинети нацисти. Други го наведуваа цитатот од Хана Арент, политичка теоретичарка и филозоф, позната по нејзините анализи за тоталитаризмот, злото и политиката, која е автор на концептот за баналноста на злото: „Смртта на човечката емпатија е еден од најраните и најочигледните знаци на една култура која е на работ на паѓање во варварство“. Македонија не е на работ да западне во варварство, туку на работ да биде општество каде ќе биде контролирана емпатијата, журнализмот, па и животите. (Dw)

Љупчо Поповски

  

Најново

(ВИДЕО) Зеленски: Русија ги повредува меѓународните напори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

Мицкоски и Перински утре во посета на Општина Ново Село

Sase Ivanovski

СЗО предлага отпуштања и намалување на буџетот за петтина

Sase Ivanovski

На протестите во Истанбул прочитано писмо од затвор од Имамоглу

Sase Ivanovski

Данската премиерка оди во тродневна посета на Гренланд, средби и со новата влада

Sase Ivanovski

Пакистан: Најмалку 11 загинати, меѓу кои жени и деца, во напади со беспилотни летала против Талибанците

Sase Ivanovski

Вашингтон Пост: Трамп притиска да ескалираат зголемувањата на царините пред 2 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова снимка од Хамас со израелски заложник како на колена моли да биде ослободен

Sase Ivanovski

Новиот австриски канцелар Штокер избран за шеф на ОВП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Авионот А-130 има тенковска цевка, митралези, мини топ, ракети…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Синот на газдата на Али Баба оди на факултет во Торонто со Ролс Ројс и капут од десетици иљади долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аца Лукас требало да биде српскиот Симон Трпчевски, беше голем талент, доби стипендија за студирање во Москва, избега од дома

Sase Ivanovski

„ТАКА НЕ СЕ РАЗГОВАРА СО БЛИСКИ СОЈУЗНИЦИ“ На данскиот министер не му се допаѓа тонот на американскиот потпретседател за Гренланд

Sase Ivanovski

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЛАДА РАБОТНИЧКА ОД КОЧАНИ Се повредила на работа, известен е трудов инспектор

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ СО АМПУТАЦИИ, ИЗГОРЕНИЦИ И СО СКРШЕНИЦИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Се полни одделението за физикална терапија

Sase Ivanovski

СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Алармантно во Приједор и во Сански Мост, потопени куќи и возила

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Европа секогаш била и ќе биде проект на мирот

Sase Ivanovski

ОН: Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетување на патиштата и инфраструктурата

Sase Ivanovski

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

Sase Ivanovski

Ифтарската вечера меѓу ВЛЕН и премиерот на Косово без публицитет и далеку од очите на јавноста

Sase Ivanovski

Антипедофилската организација „Пантер“ намами двајца сексуални предатори во Македонија

Sase Ivanovski

Дали Додик стаса во Москва, босанските медиуми ја разоткрија неговата порака

Sase Ivanovski

Поплави во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: Лидерска средба би било само губење на време

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Сирија до своите државјани: Напуштете ја земјата веднаш!

Sase Ivanovski

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација

Sase Ivanovski

Нова понуда на Трамп до Зеленски, Украинците се згрозени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првите дилеми и првите одговори за истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд

Sase Ivanovski

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

Sase Ivanovski

Илјадници загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, потрагата по преживеани продолжува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс ја обвинува Данска дека не го штити Гренланд од Русија и Кина

Sase Ivanovski

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360° од Солун: Двајца пациенти имаат тешка форма на респираторни повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интервју со директорот на „Пирогов“: Една пациентка е пуштена дома, кај другите се бориме со инфекци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден ден откако Зеленски изјави дека Путин ќе умре, лимузина експлодираше во центарот на Путин во Москва, никој не беше повреден.

Sase Ivanovski

Драма на небото над Хрватска, авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Sase Ivanovski

Тинејџер од Куманово е меѓу петте приведени лица кај кои полицијата вчера попладне пронашла и одзела дрога.

Sase Ivanovski

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е вистинско балканирање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што е ова Надице?

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на архитектурата на метаболизмот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Прекрасно поминато попладне и благослов од мојот духовник, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

Sase Ivanovski

Контролната кула на Олимпискиот парк Комазава во Токио, Јапонија, стои како архитектонско обележје од Летните олимписки игри во 1964 година.

Sase Ivanovski

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, поседувале и снимки, мајка пријавила во полиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кој е следен“ пред Собрание: Демократијата не прави пауза!

Sase Ivanovski

СИН ПРЕТЕПАЛ ТАТКО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ: Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Заканата од терористички напади во Македонија е на ниско ниво

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

Sase Ivanovski

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

Sase Ivanovski

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Можат ли протестите да создадат нова политичка сила

Sase Ivanovski

Меншик против Ѓоковиќ за титулата во Мајами

Sase Ivanovski

Скандал: Халанд удри жена во задниот дел од главата, таа доби потрес на мозокот и го пријави во полиција

Sase Ivanovski

Калин Ивановски финалист на турнирот во Опатија

Sase Ivanovski

Голман во САД го тужи лекарот затоа што му ја уништи кариерата

Sase Ivanovski

Огромен протест против Ердоган, десетици илјади луѓе на улица

Sase Ivanovski

Порака од собирот пред Собранието: Ова е последен крик, или сите ќе се отселиме или ќе станеме жртви

Sase Ivanovski

Вучиќ: Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализираат дали бил употребен звучен топ

Sase Ivanovski

Насилникот од Радовиш што тепаше жена „во живо“ на Тик-Ток е упатен на психијатриско лекување во Негорци

Sase Ivanovski

Украинскиот „мировен договор“ се покажува како измама

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската шпионска агенција вели дека Русија верува дека мора да стави крај на војната до 2026 година или ризикува да заостане далеку зад САД и Кина

Sase Ivanovski

Овој милијардер од недвижнини го подготвил својот син за наследување, принудувајќи го да работи за друг шеф: „Нема да работиш за мене“

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: Има ли ќар од членството во ЕУ?

Sase Ivanovski

ГОСТИВАРЕЦ САКАЛ ДА ЈА ГРАБНЕ ЌЕРКАТА Нападнал три лица, полицијата спречила киднапирање

Sase Ivanovski

СÈ СЕ РЕШАВА ВО АВТОКОМАНДА Алкалоид во битка за полуфинале по драмата во Романија

Sase Ivanovski

„МНОГУ СУМ ПРЕТПАЗЛИВ ЗА РЕВАНШОТ ШТО СЛЕДИ В НЕДЕЛА“ Лазаров вели дека Алкалоид мора да обезбеди полуфинале во Европскиот Куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО ПОЛЕТА ПРОЕКТИЛ КОН АМЕРИКА, ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ГО СОБОРАТ Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСКАТА АГРЕСИЈА СЕ ЗАКАНУВА, ВРЕМЕ Е Трамп со видеопорака дека е судбина САД и Гренланд да се заедно

Sase Ivanovski

ТРАМП И КАРНИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА Телефонски разговараа за бизнисот и за безбедноста

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ ДВАЈЦА БРАЌА ВО ГАЗИ БАБА Со метален предмет им го оштетиле возилото

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: Новото нормално изгледа прилично страшно

Sase Ivanovski

Викендов почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир

Sase Ivanovski
Вчитувам....