Фановите на Баерн бараат оставка на Тухел

Навивачите на Баерн Минхен оставија голем транспарент во близина на базата на тимот барајќи од главниот тренер на клубот, Томас Тухел, да си замине од „Алијанц Арена“.

„Тухел е надвор“, пишуваше на голем лист хартија, кој беше поставен од фановите на германскиот состав. Реакцијата доаѓа по вчерашниот пораз на гостувањето кај главниот конкурент за титулата- Баер Леверкузен.

Ќе потсетиме дека Тухел е на чело на Баерн Минхен од март во 2023 година. Тогаш германскиот специјалист неочекувано го замени Јулијан Нагелсман и веднаш успеа да ја освои Бундес-лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО