Доаѓа уште едно бебе: Хана и Петар Грашо го чекаат своето второ дете

од Симе Стоиков

Убавата вест дека тој и неговата сопруга ќе добијат уште едно дете ја потврди и самиот пејач.

Откако пред година и девет месеци станаа родители на малата Алба, Хана Хуљиќ Грашо и Петар Грашо го очекуваат своето второ дете.

Хана и Петар ќе станат родители по втор пат, а Грашо ја потврдил информацијата телефонски за хрватскиот „ИН Магазин“.

Тончи Хуљиќ не сакаше да се огласува во оваа прилика, бидејќи „не сака да го коментира приватниот живот“, а рече и дека „Петар потврди се“.

Бремената Хана последен пат се појави во јавноста пред десетина дена во Сплит на изложба и раскажа колку радост им донесе нивната ќерка Алба која во јули ќе наполни две години, а наскоро домот ќе им се исполни со уште еден член, па среќата ќе биде уште поголема.

Слични содржини