Потпишан историски договор во Арсенал!

Арсенал сезонава игра одлично и тимот уште е во борба за титулата во Премиер лигата. Токму викендов пред Топчиите е еден од најважните мечеви сезонава – гостување кај Манчестер сити во Премиер лигата.

Пред ова дерби, Арсенал објави дека заврши многу важна работа, а тоа е договор со талентираниот Етан Нванери. Лондонскиот тим го официјализира потписот со Етан Нванери. Тоа е 17-годишниот талент во кој Арсенал многу верува и го смета за најперспективен играч од нивната младинска школа.

Минатото лето Нванери потпиша стипендиски договор, а сега, кога талентот наполни 17 години, конечно го потпиша својот прв професионален договор со Топчиите.

Етан Нванери веќе се впиша во историјата на Премиер лигата откако во септември 2022 година дебитираше во сениорскиот тим на Арсенал. Тоа се случи на мечот против Брентфорд, кога имаше 15 години и 181 ден, со што стана најмладиот играч во историјата на елитниот англиски фудбал. Овој рекорд претходно му припаѓаше на Харви Елиот, кој во Премиер лигата заигра со 16 години и 30 дена.

Освен тој натпревар против Брентфорд, Нванери доби шанса за настап и во убедливата победа од 6:0 над Вест хем.

„Сакам да влезам во првиот тим. Да соберам искуство од постарите играчи. Сакам да постигнувам голови и да направам сè што треба за да напредувам. Сакам да ја искористам оваа можност“, рече Нванери по потпишувањето на договорот со Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести