20.8 C
Скопје
13:01 - 6 март, 2025

„Сè беше лага“: Милиони плачеа поради настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри, а сега се појави шокантната вистина

Музичките експерти тврдат дека настапот на пејачката Селин Дион на почетокот на овогодинешните Олимписки игри во Париз бил однапред снимен, пренесува Liberation.

Таа воодушеви милиони со нејзиното враќање на сцената, додека ја пееше „Hymne à L’amour“ пред Ајфеловата кула. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека нејзиниот настап бил „емотивен врв“ на целиот настан.

Меѓутоа, во петокот, угледниот француски весник Либерасион објави дека настапот „без нималку сомнеж“ бил претходно снимен, цитирајќи бројни експерти од музичката индустрија.

Претставниците на организаторите на Олимписките игри одбија да одговорат на прашањата за настапот, иако претходно инсистирале дека навистина се се одвивало во живо.

„Тоа шо го слушнавме на ТВ беше однапред снимено“, рече композиторот Етјен Жеру за Либератион.

Со композиторот се согласил и познат инженер на звук кој сакал да остане анонимен, објаснувајќи дека тој е 100 отсто во право, бидејќи „се слуша од првите ноти“ дека е снимено. Несомнено се согласија и нивните други соговорници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Музичарот Wings of Pegasus на Јутјуб коментираше дека пробата и вистинската изведба звучеле сосема исто, што е невозможно, бидејќи секогаш ќе има варијации помеѓу двете верзии на песната во живо.

Настапот на Олимпијадата требаше да биде триумфално враќање за Селин Дион, која се бори со неизлечива невролошка болест која предизвикува вкочанетост на мускулите и зголемена чувствителност на звук, допир и емоционални дразби.

 

Слични објави

„На интензивна нега е“: Се огласи сопругата на Ѓани по операцијата во Словенија

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ шокираше: Пејачката си отиде во продавница во пижами!

Еспресо

Тончи Хуљиќ за внуците: Трчам по Алба и Тони, ги гледам како мои наследници

Еспресо

(Фото) Тенка половина: Сопругата на Дарко Лазиќ четири месеци по породувањето изгледа како „авион“, ова е нејзината тајна!

Еспресо

Хороскоп за 6 март: Овни, не се расправајте со партнерот, Близнаци, ќе ја најдете сродната душа!

Еспресо

(Фото) Гога Секулиќ никогаш пожешка: Позираше во костим за капење, а бујното деколте е во преден план

Еспресо
Се вчитува....