еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на бројот на туристи во февруари

Државниот завод за статистика соопшти дека бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9 проценти во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7 проценти.

Во февруари имало 44.224 туристи од кои 61 процент биле странски туристи, а 39 проценти домашни туристи.

Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3 проценти биле ноќевања од странски туристи, а 44.7 проценти од домашни туристи.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за девет проценти, а бројот на ноќевања за 11,6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

Редакција

„Мак Аутостар“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на пневматици за блиндирани возила вреден 53.000 евра

Редакција

Народната банка вработува, плата до 26.258 денари

Редакција