НОВИ 55.000 РАБОТНИ МЕСТА И НИСКА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА, ВЕТИ ВМРО-ДПМНЕ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА ВО ОХРИД

    НОВИ 55.000 РАБОТНИ МЕСТА И НИСКА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА, ВЕТИ ВМРО-ДПМНЕ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА ВО ОХРИД„Македонија повторно твоја“ е слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори. (Фото: СДК.МК)

    Под слоганот „Македонија повторно твоја“ ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, традиционално ја започнаа од Охрид изборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред граѓаните најави голема победа и вети дека ќе има одговорност оти изминативе 6 и пол години СДСМ и ДУИ ја урнисале државата, а корупцијата е распространета во секоја пора на општеството.

    „Тргнавме и нема назад, доаѓа цунамито што ќе ги одвее од политичката сцена и ќе ги испрати во заборав на историјата. А, историјата може само да ги забележи како лош период во кој заради нив се изгубила човечноста, се уништиле вредностите, се изгубил редот, се изгубила и понижила Македонија. По ништо друго нема да ги памтиме. Ако ги слушате нив ќе помислите дека живееме во Елдорадо, и сите се среќни и богати, но имаат изгубено контакт со реалноста“, рече Мицкоски.

    Тој потенцира дека „Платформата 1198“ содржи реални проекти со кои Македонија повторно ќе се развива. Најави раст на БДП до 5 проценти годишно, ниска стапка на инфлација од 2 до 2,5 проценти годишно, намалување на невработеноста до 7,5 проценти и отворање на нови 55 илјади работни места.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира