Веста за завршувањето на реконструкцијата на филтер-станицата „Ташли Баир“, од каде што се снабдуваат со вода за пиење населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково и стопанските субјекти во индустриската зона на Општина Василево, преку својот ФБ-профил, ја сподели градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

– Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково, конечно, ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Заврши реконструкцијата на филтер-станицата „Ташли Баир“. Целосно и темелно се реши проблемот со вода за пиење за жителите на Василево, Градошорци, Ангелци и на Едрениково. Навистина сум среќен што решаваме децениски проблем. Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право. Ветувањата кон граѓаните се реализираат – напиша градоначалникот Андонов.

Од овој систем за водоснабдување со вода за пиење се снабдуваат 1.459 домаќинства од населените места Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково и 139 прави лица.