Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.

Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.

Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање”, изјави претседателот на Владата, Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.