Силјановска Давкова од Прилеп: Говорот на омраза најмалку и доликува на СДС

338

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува голем митинг во Прилеп во рамки на кампањата на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

„За мене, возраста како и во антиката, значи мудрост, значи знаење, искуство, а мислам дека многу успешни претседатели имале бела коса и биле успешни. Не плашете се за мене, јас сум добро и физички и психички“, порача кандидатката na ВМРО-ДПМНЕ.

Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, ама не доликува воопшто на социјалдемократска партија. Тоа е говор на некоја крајна десница што се служи со патријархалност и парохијалност, па така гледа на жените и на возрасните.

Вака Силјановска Давкова ја коментираше сексистичката изјава на граѓанин во публиката на синоќешниот митинг на Стево Пендаровски во Куманово. Изјавата беше дочекана со остри реакции од повеќе пратенички и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат осуда од тимот на Пендаровски.